| четврток, 6 декември 2018 |

Банкомат по грешка на бездомник му исплати 37.000 наместо 140 долари

Расипан банкомат во американската сојузна држава Мејн на еден маж му исплатил 37 илјади долари, кој всушност барал само 140 долари.

Полицијата во Саут Портланд соопштила дека добила дојава од жена којашто рекла дека непознат маж многу долго стоел пред банкомат. Полициските службеници го затекнале како ги става парите во вреќичка.

Парите се вратени на банката, а нејзините претставници изјавиле дека немаат намера да го пријават човекот, пишуваат локалните медиуми. Иако од инцидентот минале да дена, банката сé уште не ја утврдила техничката грешка.

Полицијата, сепак, ја продолжува истрагата, но засега против мажот чиј идентитет не го соопштува не е подигнато обвинение.

Според локалните медиуми, станува збор за бездомник кој на својата сметка имал само 140 долари, но во моментот кога бил стасала полицијата веќе имал извршено 50 трансакции со кои ги извадил 37-те илјади долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top