Фудбалерите на Ливерпул се вратија на врвот на табелата откако на гости ја победија екипата на Вест Хем со резултат 2-1.
Ливерпул до водство дојде во 44. минута од белата точка, а прецизен беше капитенот Џерард. Сепак во последните моменти од првиот дел домаќините израмнија со погодокот на Демел кој немаше тешка задача да го погоди празниот гол.
Во 71. минута голманот на Вест Хем го совлада Фланаган во петерецот, а судијата повторно покажа на белата точка и повторно прецизен беше Џерард.
Ливерпул сега има 74 бода, Челси 72, а Сити 70 со тоа што имаат и два натпревари помалку. Во наредното коло Сити и Ливерпул ќе се сретнат на „Енфилд“ што директно ќе одлучи за новиот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.