| четврток, 6 декември 2018 |

Ледените пештери на Алјаска како од друга планета (фото)

Фотографот Рон Џил (55) направи низа фотографии што изгледаат како да не се од нашата планета, а всушност претставуваат ледени пештери на Алјаска.

Џил е истражувач на ледени пештери и често го ризикува својот житвот за да ги види овие вистински драгоцености од природата. Тој оди по тенок лед и лизгав под, што во секој момент може да се урне.

pestera1

Ледените пештери се познати по тоа што многу често исчезнуваат и повторно се појавуваат. Неверојатно е дека овие слики се направени во ледена пештера што настанала пред само две години.

pestera2

Тие се вистински драгоцености што ретко кога опстануваат долго и многу се опасни за истражување, поради што за нив се знае многу малку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top