| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети два тона марихуана во Валона

Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени два тона марихуана.

Акцијата била реализирана во местото Хидровор, кога двете комби возила требало да бидат растоварени а дрогата натоварена на моторен чамец, кој требало да исплови во правец на италијанскиот брег.

Полицијата уапсила едно лице, а по четири сѐ уште трага.

Вчера италијанската полиција од Каталонија, заплени повеќе од два тона албанска марихуана која била транспортирана со рибарски брод, кој испловил од грчкиот остров Крф каде била натоварена.

Вредноста на запленетата марихуана, во двете акции поединечно, изнесува по 10 милиони евра, но доколку биле пуштени на нарко пазарот во помали пакувања вредноста би достигнала најмалку 60 милиони евра за целата количина.

Грчката погранична полиција во близина на селото Ситарија во граничен појас вчера заплени 107 килограми марихуана, нивните хрватски колеги пак вчера запленија 806 килограми марихуана, во чиј шверц биле вмешани албански, хрватски и боснаски државјани.

Сите количини на дрога потекнуваат од Албанија, главно од селото Лазарат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top