| четврток, 6 декември 2018 |

Исланд ќе ја забрани порнографијата на интернет?

Исланд може да биде првата земја од западните демократии која би ја забранила порнографијата на интернет.

Ако биде прифатен предлогот кој неодамна бил доставен до владата, во оваа островска земја, од април ќе се смета за нелегално преземањето на порнографски содржини преку интернет.

Магазинот Тајм пишува дека забраната најверојатно ќе биде спроведена по примерот на блокирање на сајтови во Кина. Освен тоа, Исланд најверојатно ќе оневозможи и пристап до сајтови кои дозволуваат дистрибуција на порнографија по системот „плати- гледај“ така што ќе се смета за нелегално плаќањето со исландски кредитни картички за вакви содржини.

Владините претставници за сега јавно го поддржуваат овој предлог со објаснување дека на тој начин ќе се намали штетата нанесена пред се врз децата и жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top