| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлот се избори за место во плејофот

Шарлот славеше со резултат 94:96 на гостувањето кај Кливленд, кому не му помогна ни фантастичниот Кајр Ирвинг, кој постигна 44 поени, но не наиде на поддршка од своите соиграчи, двоцифрен број постигна само Вејтерс, 14 поени. Бобкетс до триумфот беа предводени од Ал Џеферсон со 24 и Кемба Вокер со 20 поени.

Гостинска победа забалежи и Бруклин против најслабата екипа во лигата Филаделфија. Дури шест играчи на Нетс натпреварот го завршија со двоцифрен број поени, а најдобри меѓу нив беа Дерон Вилијамс со 19 и Мејсон Пламли со 16 поени.

Орландо мини-серијата од три пораза во низа синоќа ја прекина во дуелот со Минесота победувајќи ги со резултат 100-92 пред домашните навивачи. Најефикасни во тимот на Меџик беа Харклес и Херис со по 17 поени.

Резултати:

Орландо – Минесота 100:92
Вашингтон – Чикаго 78:96
Детроит – Бостон 115:111
Филаделфија – Бруклин 101:105
Милвоки – Торонто 98:102
Кливленд – Шарлот 94:96 (прод.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top