| четврток, 6 декември 2018 |

Феномен: Родила две деца за само шест и пол месеци

Триесет и едногодишната воспитувачка во градинка, Британката Сејди Баден за само шест и пол месеци родила две деца со што го урна рекордот во најмала старосна разлика меѓу деца во Британија. Сејди се обидувала две години да забремени, а откако го родила Рони и требале само три недели за повторно да остане трудна.

– Кога сфатив дека сум повторно бремена, не знаев кој повеќе е шокиран мојот партнер или јас. Не можевме да замислиме дека Сиена ќе се роди толку рано. Лекарите и бабиците беа вчудоневидени, вели Баден за британски Дејли меил.

Малата Сиена била родена прерано, па поради тоа имала потешкотии со дишењето и исхраната. Мајката морала да чека цели три недели додека за прв пат ја зела во раце. Бебето минало три и пол месеци во болница поради хеморагија на мозокот што предизвикувало спора коагулација на крвта. Но, сепак, на крајот целата приказна среќно завршила.

 

– На почетокот беше многу тешко бидејќи двете моравме да ги храниме во исто време. Но сега кога ги гледам како си играат сфаќам колкава е предноста да се има деца на слична возраст, рекла мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top