Зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавниот сектор секоја година за 5 отсто или за четири години вкупно зголемување за 21,5 проценти, најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Скопје.
Со програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ во која се содржани 2.046 нови проекти се предвидува и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто на сточната храна и адитивите за сточна храна, на живиот добиток, на бебешките производи, на училишниот прибор…
-Намалување на ДДВ од 18 на 5 % на сточна храна и адитиви на сточна храна, намалување на ДДВ од 18 на 5 % за жив добиток, за бебешки производи, училиштен прибор, намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Првите три години наместо 4,9 % ќе изнесува 3,95 %, а во 4 и 5 година наместо 5,5, ќе биде 4,44 %, наброи Груевски.
Тој најави и за секоја година зголемување на пензиите на пензионерите за 5 %, за 4 години тоа значи за 21,5%.
ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, по 150 милиони секоја година.
-Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на земјоделците – заклучи премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



