Премиерот Никола Груевски промовирајќи ја новата изборна програма на вечерашниот митинг во Скопје кој беше посетен од десетици илјади граѓани, соопшти дека во Македонија влегува нова инвестиција.
-Вечерва почитувани присутни среќен сум што имам можност да ви соопштам уште една убава вест. Пред малку добивме официјална дозвола за објавување на информација од италијанскиот гигант во индустријата за машини за печатарска индустрија “Тијатек“ дека одлучиле за изградба на нивна фабрика во зоната во Скопје која ќе има директни 200 вработувања и голем број индиректни вработувања. Денеска и тие го објавиле тоа на својата страна. Благодарам за поддршката зашто без вас ова немаше да се случи – изјави Груевски.
Тој истакна дека борбата продолжува, целите се исти. Силна Македонија, просперитетна Македонија, Македонија која ќе отвора нови работни места, ќе гради и ќе се грижи за своите граѓани.
-Нашата задача беше тешка, а беше дополнително отежната од економската криза и должничката криза. Тоа е сурова реалност. Кога дојдовме во Владата невработеноста беше 38% и илјадници семејства страдаа. Се зафативме со битката и успехот е видлив. До денес невработеноста е намалена за 10 процентни поени. Дали е доволно? Не. Може ли подобро? Да. Помошта да се создадат 120.000 работни места во 7,5 год е потврда за напорната работа на сите граѓани. Се обврзувам дека во текот на следниот мандат ќе работиме на создавање на нови 64.000 работни места. Ова ќе значи намалување на невработеноста за дополнителни 6 процентни поени – рече Груевски.
Премиерот најави прецизна агенда за овие нови работни места.
-Напорно ќе работиме на поддршка на бизнисите во Македонија, ќе обезбедиме поволности за вработувања, особено на младите кои сакаат да работат. Ќе продолжиме со привлекување на странски инвестиции, што покажува на светот дека Македонија е отворена за бизнис и да ја одржиме економски силна – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



