| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Одиме кон досега невидена победа

На вечерашниот голем митинг во Скопје, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање истакна дека ова е победа на политиката на држењето на дадениот збор.

vmro-vo-ohrid-12

Тој ја претстави новата изборна програма  на ВМРО-ДПМНЕ.

– Новата програма носи логичен наслов -„Проверено“ – изјави премиерот Груевски на вечерашниот митинг кој масовно беше посетен и покрај лошите временски услови.

VMRO Pticja 01

Тој најави огромен број на крупни проекти и реформи од новата програма со која ќе настапат на претстојните парламентарни избори.

-Најголем дел од неа се однесува на економијата, на оние кои се поврзани со економијата. Таа е сеопфатна, но најголем акцент е на економијата. Гарантираме најмалку 30 нови фабрики во слободните економски зони низ Македонија. Програмата предвидува 64.000 нови работни места, за по 4 години да имаме во регистарот 64.000 повеќе вработени и 64.000 помалку невработени. Тоа значи намалување на невработеноста на околу 22 %, за 6 проценти поени до 2018 година – истакна Груевски.

VMRO Pticja 04

– Одиме кон досега невидена победа. Таа победа се гледа и на овој плоштад. Ова е навистина многу народ, ова е цунами од народ. Ова е силата на Македонија  – рече премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top