На големиот митинг вечерва во Скопје носителот во Третата изборна единица, Никола Тодоров, истакна дека неговиот мотив е токму оваа енергија, оваа сила, овој народ.
– Македонскиот народ е трпелив, но и претпазлив, народ кој издржа многу, кој на своите плеќи ја поднесе тежината на катастрофалната приватизација. Го гледам македонскиот народ кој е мудар и достоиствен. Во секој град и во секое село гледам луѓе кои знаат да препознаат, да одат на проверено. Луѓе кои не веруваат на празни зборови, луѓе кои знаат дека реформа не значи бркање од работа, туку подобар живот. Народ кој знае да препознае дека реформите значат субвенции за земјоделците. Народот знае да направи разлика помеѓу затворена и отворена фабрика – рече Тодоров.
Тој нагласи дека народот гледа дека во Македонија се отвораат фабрики, се отвораат нови 64.000 работни места. Народот знае да направи разлика помеѓу лажна искреност и чесна вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



