| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов не прифаќа промена на уставното име, а Пендаровски ќе го решава со внатрешен конзенсуз

Ivanov-Pendarovski-740x320-top

На вечерашната дебата со претседателските кандидати која се одржува на првиот канал на МТВ, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, одговарајќи на прашање како би се надминала пречката во евроинтегративниот процес на Република Македонија – проблемот со името на земјава, истакна дека владејачката структура го наследи овој проблем кога дојде на власт.

– Многу време е потрошено за конфузија. Ние немаме преговори околу грчкиот проблем со нашето име. За име не се преговара, но некој во минатото дозволил Грците да имаат агресивна позиција. Решение може да се најде ако се почитуваат Резолуциите на ОН, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. И во мојата програма јасно стои дека нема да прифатам промена на уставот за името на земјава, а решение ќе се бара. Мора да имаме извнонредни односи со постојаните земји-членки на Советот за безбедност, а во ЕУ ќе се зголемува бројот на членки кој не поддржуваат – истакна Иванов.

За претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, пак, името не може да го реши еден човек или една партија.

– Не се кандидирам за сам да го решавам проблемот со името. Треба да се изгради државен став, став на РМ и да се договориме која е нашата црвена линија. Треба да направиме позиција на државата помеѓу нас, со најширок можен консензус и политички и меѓуетнички. Не сакам сам да преговарам во име на државата. Треба легитимитет добиен од народот за решавање на проблемот со името – истакна Пендаровски.

На прашањето која е формулата на претседателските кандидати за добрососедски односи и зацврстување на меѓународната позиција на Македонија, Иванов и Пендаровски со спротивставени ставови.

Пендаровски смета дека Македонија нема ниту еден добар билатерален однос со нејзините соседи и регионот, додека пак Иванов веднаш го негираше претседателскиот кандидат на СДСМ, укажувајќи дека никогаш не сме имале подобри односи со соседите.

– Со нашите соседи имаме изворедни односи. На сите полиња, имам остварено многу средби со државниците од соседните земји. Видете ја економската соработка со сите соседи, па и со Грција. Горд сум што успеав во овие пет години да ги убедам европските лидери сите наши проекти да се поврзат со европските. Некој очигледно живее во друго време – нагласи Иванов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top