| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн Џејмс со нов рекорд влезе во историјата

lebron

Со 34 поени против Минесота  најдобриот кошаркар на Мајами и во НБА лигата  Леброн Џејмс   стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеал да постигне 23 000 поени на свои 29 години и 116 дена.

Во историјата на НБА лигата засега Леброн Џејмс се наоѓа на 28-то место на вечната листа на стрелци со 23 003 поени. Пред Џејмс со 132 поени предност е искусниот Винс Картер кој сеуште е активен, а по него доаѓаат Елџин Бејлор со 146 поени предност и Адријан Дентли со 174 кој се наоѓа на 25-то место.

Тимот на Мајами Хит синоќа одигра возбудлив натпревар против екипата на Минесота Тимбервулфс и неочекувано загуби по две продолженија со резултат 121:122.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top