| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец што десет години ја силувал ќерката доби 34 години затвор

siluvanje devojce

На четириесет и седумгодишен албански емигрант што десет години сексуално ја злоупотребувал сопствената ќерка, судот во Солун му изрече затворска казна во траење од 34 години.
Девојчето, сега на седуманесетгодишна возраст, почнал да го злоупотребува кога имало само седум години. Десет години детето молчело поради заканите на таткото дека ќе го убие.

Тетката на девојчето го пронашла со исечени вени, по што го однела девојчето во полиција.
Во текот на судењето таткото постојано повторувал дека бил пијан и оти не се сеќава на ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top