| четврток, 6 декември 2018 |

Во струмичко поднесени 11 кандидатури за градоначалник

izbori

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Божијанов од СДП и Панчо Јанков од СДУ ги поднеле ка кандидатурите за градоначалници во Струмица, соопштија од  општинската изборна комисија. Листа за советници со доктор Кирил Николов како носител, до полноќ доставила само партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Василево за градоначалничката функција на претстојните локални избори ќе се борат актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Стојанов,  Миле Јанакиев од СДП и Дончо Атанасов од СДУ.  Во Василево има поднесено и три советнички листи и тоа на партиите ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците во Македонија и една независна советничка листа од граѓани чиј што носител е Ајлин Алиманова.

Во општина Ново Село на изборите на 24. март граѓаните за иден градоначалник ќе избираат помеѓу Блажо Велков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Трајков од НДМ. За место во идниот совет на општина Ново Село се кандидирани советничката листа на НДМ,чиј носител е Цветан Павловски и листата од ВМРО-ДПМНЕ со Ленче Митева како носител на листата.

Општинската изборна комисија во Босилово, работи на верификување на кандидатските листи. Освен актуелниот градоначалник и кандидат Љупчо Колев има уште двајца кандидати за градоначалници, а се поднесени и две кандидатски листи за советници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top