| четврток, 6 декември 2018 |

Во Крушево најздрави, во Берово се издале најмногу лекови минатата година

30122011105551_12712_lekovi_f

Во Крушево се најздрави, а во Берово се испиле најмногу лекови минатата година покажуваат податоците на Фондот за здравство (ФЗОМ). Според ФЗОМ, најмногу рецепти по осигуреник се реализирани во Берово со просечно 16 рецепти по осигуреник, во служба Делчево – просечно по 14,2 рецепти, а во Неготино 13,9 рецепти просечно годишно.

Најмал број рецепти по осигуреник се реализирани во Крушево. На ниво на РМ во 2013 година просечно се реализирани околу 9,9 рецепти по осигуреник.

Во 2012 година најмногу рецепти се издале во Ресен, а во 2013 година на прво место е Берово со околу 1.587 денари по осигуреник. Во Охрид се одвоени околу 1.486 денари, а во Ресен околу 1.454 денари.

Просечно најмалку средства по осигуреник за лекови од примарна здравствена заштита се одвоени во Крушево каде што просечниот износ за лекови е околу 726 денари по осигуреник.

На ниво на РМ просечно се издвоени по 1.190 денари по осигуреник за лекови од ПЗЗ, што претставува зголемување за околу 3,6% во однос на 2012 година.

Во однос на просечниот број рецепти по осигуреник по регион утврдено е дека најголема потрошувачка на лекови според број на реализирани рецепти по осигуреник е забележана во источниот регион со 11,92 рецепти по осигуреник, а најмала во полошкиот со 7,18 рецепти по осигуреник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top