Кинески патролен брод кој го пребарува подрачјето во јужниот Индиски Океан фатил сигнал на фреквенција од 37,5 кHZ во секунда, каков што емитуваат црните кутии во авионите, јавува агенциајта Ксинхуа.
– Станува збор за стандардна фреквенција за двете црни кутии, едната го снима гласот на пилотот, а другата дава технички информации за летот, велат од компанијата која ги произведува локаторите на црните кутии.
Експертите засега се внимателни и предупредуваат дека примениот сигнал не мора да биде поврзан со исчезнатиот авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.