
Од оваа година, покрај преку пензионерските здруженија и синдикалните организации, во подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Демир Капија дрва за огрев ќе може да купуваат сите заинтересирани физички лица, соопшти денеска директорот на подружницата, Јован Јованов, јави МИА.
– Плаќањето ќе биде на повеќе рати, а исплатата треба да заврши заклучно со октомври. Според годишниот план, треба да исечеме и продадеме 13 илјади метри кубни дрва за огрев. Количините се ограничени – информира Јованов.
Досега се резервирани 7.500 метри кубни дрва, а интерес сѐ уште има.
Еден кубик дабови дрва за огрев од прва класа чини 2.454 денари, а букови, 2.380.
Во Подружницата може да се обезбедат и поевтини дрва од втора класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украле осум тони мазут од Специјалниот завод во Демир Капија
-
Повредени две лица во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Удово
-
Детали за трагедијата: Алпинистот кој загина кај Демиркаписката клисура паднал од 20 метри височина
-
Груевски се сретна со членовите на општинскиот и претседателите на месните комитети од Демир Капија (фото)


