| четврток, 6 декември 2018 |

Над сто илјади верници го следеа Папата на едно од последните обраќања

papa

Повеќе од сто илјади верници присуствуваа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим на еден од последните јавни настапи на папата Бенедикт Шеснаесети, пред неговото повлекување на 28 февруари.

Папата ја рецитираше молитвата „Ангел Господов“ и се заблагодари на сите што се молеле за него и го поддржаа во текот на изминатите неколку дена откако го објави своето повлекување. Папата се заблагодари на верниците на неколку јазици. Потоа на шпански ги повика да продолжат да се молат за него и следниот папа.

Тој  во понеделникот објави дека на 28 февруари ќе се повлече по осумгодишната служба поради старост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top