| четврток, 6 декември 2018 |

Иднината останува на младите – трет ден на Модната недела во Скопје (фотогалерија)

Модното случување го отворија студентите на Факултетот за арт и дизајн : Милена Коцевска, Ивана Николова, Ана Камчева, Лаунтина Кица, Орнела Јорданова, Ана Лазова, Даниела Савиќ, Елмедина Ибиши, Ивана Костадинова и Анастасија Чадо

алмир мили

Алмир Мили

Пролетното издание на Модната недела во Скопје продолжи со креациите на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, потоа на минатогодишните победници на „Поп!Мода“ и ревиите на петтмина македонски дизајнери, вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.
Модното случување го отворија студентите на Факултетот за арт и дизајн: Милена Коцевска, Ивана Николова, Ана Камчева, Лаунтина Кица, Орнела Јорданова, Ана Лазова, Даниела Савиќ, Елмедина Ибиши, Ивана Костадинова и Анастасија Чадо.
По презентацијата на студентите следуваше моден перформанс на тројцата победници на минатогодишниот проект Поп!Мода!, кои ги претставија капсулните колекции, Виктор Цветановски со pre-fall колекција, Ана Камчева со „Gravity“ и Алмир Мили со колекцијата „Русалка“.

алмир мили1

Од колекцијата на Алмир Мили „Русалка“

алмир мили2

Вечерта продолжи со ревијата на Ирина Тошева со колекција за актуелната сезона, инспирирана од, како што вели таа, „мирисот на носталгијата , позната стара мелодија и старите фотографии од семејните албуми“.

стефанија2

Од ревијата на Стефанија Насеска

стефанија1

стефанија
Третата ревијална вечер на деветтото издание на Модната недела во Скопје ја затвори групна модна ревија на Стефанија Насеска со колекцијата „Револуција “ за пролет/лето 2014 составена од 13 креации, Марјана Рујаноска со „Pureness“ за актуелната сезона, Бобан Илиевски со „Bohemian Chic“, кој одлучи колекцијата да ја продава по промотивни цени во кафулето „Концепт 37“.

бобан илиевски3

Бобан Илиевски

бобан илиевски2

бобан илиевски

никола петровски

Од ревијата на Никола Петровски

никола петровски1

никола петровски3
Денеска на моден бранч во „Хорти експерт гарден“ ќе се претстави најновото од MCouture by Mila Kadriu. Во салонот „Порше Македонија“ од 19.30 часот следува моден перформанс на Newman’s accelerator brand ID, потоа ревија на ателје Оливера Штакоска,
моден перформанс на Ивана Јованоска. Од 20 часот ќе биде презентирана најновата колекција на Јасмина Дракул, а за крај на вечерта со модни перформанси ќе се претстават Елена Спасовска и двоецот Јелкица и Виолета Поповски.

ирина

Од ревијата на Ирина Тошева

ирина2

По ревиите колекциите на Елена Спасовска, Ивана Јованоска, Јелкица и Виолета Поповски и Јасмина Дракул ќе бидат веднаш достапни на продажба во „Концепт 37“ и во текот на наредниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top