Автобус на ЈСП, кој сообраќај на линијата 55, бил каменуван во селото Арачиново.
Според МВР, инцидентот што се случил вчера го пријавил возачот. Според неговата пријава, додека управувал со автобусот во кој пренесувал патници од с. Арачиново до Транспортен центар – Скопје, на ул.1 во селото, непознати лица го каменувале автобусот, при што го оштетиле задното лево стакло, по што избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.