– Оваа политичка гарнитура работи како тим, составена e од силни индивидуaлци кои работат како тим и тоа е нашата предност која ја движи државата напред – порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ барајќи поддршка за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.
На својата држава, посочи Груевски, можеш да и помогнеш најдобро ако работиш многу и чесно и ако си во добра кординација со Владата, а токму тоа го правеше Ѓорге Иванов.
– Во овие години Македонија виде што значи единствено во државниот врв што е еден од условите за успех -додаде Груевски.
Приземноста и стабилноста на Иванов, според Груевски, можела да се види и во моментите кога требало да се одберат амбасадори, а тој никогаш не правел условувања како неговиот претходник. – Црвенковски тоа го правеше. Кога ни велеше или Стевчо Пендаровски и Бучковски ќе бидат амбасадори во Лондон и во НАТО во Брисел или нема ниту еден амбасадор да отиде од Македонија надвор. Такви работи немавме со Иванов. Него го интересираше суштината и квалитетот, на луѓето коишто ќе заминат да ја претставуват Македонија – рече Груевски. За Иванов истакна дека е посветен претседател што секогаш бил со народот,.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



