| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите ќе бидат фер и демократски порача Владата

– Владата и сите други државни институции и органи и претходно посакуваа сите политички партии да учествуваат во престојните локални избори. Во таа насока Владата гарантира дека изборите што ќе се одржат на 24.март ќе бидат организирани согласно сите меѓународни стандарди, односно ќе обезбедуваат услови тие да бидат фер, слободни и демократски – изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Тој изрази жалење и разочарување што некои политички партии, одлучиле  да не учествуаат на локалните избори.

Локалните избори ќе се одржат на 24 март согласно Уставот и законите и сите уставни и законски норми кои ја уредуваат оваа материја се веќе донесени. Сите оние субјекти кои до полноќ аплицирале со свои кандидатури, ја искористиле таа можност и право, што на некој начин е и обврска.

– Инсистиравме да има инклузија на сите политички партии во рамките на овој изборен процес. Околу моментот на нивното влијание на евроатлантските интеграции во наредниот период ќе се очекуваат коментарите од Европската Комисија и ЕУ, кои впрочем и беа дадени досега и сметаме дека граѓаните поседуваат чувство за да можат да проценуваат, да судат и да одлучуваат чија ќе биде одговорноста доколку тоа има сериозни импликации на нашите евроатлантски интеграции, истакна Ѓорѓиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top