| четврток, 6 декември 2018 |

Полска делегација од регионот Голенов во посета на Велес

Veles-5

Во општината Велес престојува делегација од полскиот регион „Голенов“, предводена од претседателот Томаш Станиславски.

Според градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, договорена е соработка за размена на искуства  на општинската администрација.

– Ги презентиравме можностите за соработка. Воедно како претседател на Вардарскиот плански регион ги промовирав адутите на овој дел од Македонија. Веќе договоривме и одредени проекти, а тоа најмногу сега се однесува на размена во администрацијата – изјави Чадиев.

Според Станиславски, преку размена на службеници од општинската администрација целта е да им помогнат на своите македонски колеги да се запознаат со работата на службениците кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

– Нашиот регион и државата Полска го поминаа тој пат. Сега тоа ја чека и Македонија. Со влегувањето во ЕУ и безграничниот режим се отвораат можности за секаков вид соработка со земјите членки. Ние во нашиот регион имаме повеќе економски зони во кои најголем дел од капиталот доаѓа од западните земји, гледаме дека и овде се почесто инвестираат земји од ЕУ. Поради тоа е добро да имаме заедничка соработка која ќе ви помогне и вие овде во Велес да привлечете повеќе странски инвеститори – потенцира Станиславски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top