| четврток, 6 декември 2018 |

Нов светски рекорд – жена улови туна тешка 411 килограми

туна 1

Жена рибар, улови туна со чија тежина, постави нов светски рекорд.

Дона Паско од Нов Зеланд ја улови оваа туна која тежи неверојатни 411 килограми, а од неа може да се направат 3.162 конзерви туна.

Таа вели дека над 4 часа се борела со џиновската риба пред конечно да успее да ја качи на својот брод.

туна 2

Колку за споредба, туната тежи колку два новородени слона.

Олку голема туна на пазарот би се продала за неверојатни 2,2 милиони долари, но бидејќи не е уловена на комерцијален брод, не може да ја продаде.

Дона вели дека ќе ја препарира туната и ќе ја чува за спомен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top