| четврток, 6 декември 2018 |

„ТАВ Македонија“ и „Виз ер“ во француски стил ги испратија првите патници од Скопје до Париз

Од моментот кога беше објавено воведувањето на авиолинијата до денес се направени повеќе од 4.000 резервации, а линијата ќе сообраќа двапати неделно, во понеделник и во петок, во едно од новите летала „ербас А320“ што ги поседува компанијата.

– Тав Македонија продолжува да ги исполнува очекувањата на патниците. Париз заедно со другите три линии од „Александар Велики“ со Брисел, Келн и Франкфурт стана 14 дестинација на „Виз ер“. Од денска стварноста станува прошетката низ Трокадеро, Елисејските полиња, Лувр и Дворците на Лоара – рече, меѓу другото, доректорот на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, ја потенцираше важноста на постоење на уште една линија на која ќе сообраќаат авионите од Скопје поради економски, културни и финансиски причини, не само за земјата, туку и за граѓаните, компаниите итн.

Амбасадорката на Република Франција во Македонија, Лоранс Оер, беше меѓу првите патници што полетаа за Париз и таа рече дека „отворањето на директната линија на релација Скопје – Париз претставува одлична можност  за унапредување на односите меѓу двете земји, меѓу компаниите, туристите и подобро откривање на атрактивноста на двете земји.

scaled_image 2

Таа од претставникот на компанијата „Виз ер“ доби макета од авионот „ербас А320“ кој ќе лета на линијата Скопје – Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top