| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата порасна кон 107 долари, во фокусот Либија

нафта

Цената на суровата нафта порасна на лондонската берза кон 107 долари за барел, поттикната од сомневањата дека ќе се отворат нафтените пристаништа на истокот на Либија.На лондонската берза цената на нафтата порасна за 40 центи во однос на вчерашното затворање, а 106,55 долари, а на американската берза барелот беше во плус 71 цент, достигнувајќи 101 долар.
Се очекуваше осуммесечната блокада на либиските извозни пристаништа да биде прекината, откако претставниците на владата и бунтовниците изјавија дека се близу до спогодба. Инвеститорите, сепак, се сомневаат дека пристаништата ќе останат затворени, бидејќи искуството покажува дека настаните обично ги демантираат ваквите извештаи.
– Либија сега ги влече конците на пазарите на нафта, спласнаа големите очекувања за директна спогодба со бунтовниците на истокот на државата – заклучи Дејвид Хафтон, од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.
Повторното отворање на либиските источни нафтени пристаништа би ослободило околу 600.000 барели сурова нафта дневно.
Релативната стабилност на цената на нафтата исто така е одраз на внимателноста кај инвеститорите во пресрет на објавата на податоците од американскиот пазар на труд. Аналитичарите проценуваат дека извештајот ќе покаже дека работодавачите во март нето отвориле 200.000 нови работни места, најмногу за четири месеци, што добро би влијаело на побарувачката во најголемиот светски потрошувач на нафта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top