„Имам целосно разбирање за реакциите кои ги предизвикаа кандидатурите на Српска напредна странка.
Свесен сум дека со оваа моја постапка нанесов штета на “Сојузот за иднината“, иако лично верувам и целосно сум убеден во исправноста на одлуката за бојкот на локалните избори“.
Ова е писмениот став што го соопшти Драгиша Милетиќ, по одлуката Стевчо Јакимовски преку партијата на Милетиќ да се кандидира за градоначалник на скопската општина Карпош. „Како пратеник ја потпишав оставката и истата ќе ја депонирам во Собранието на денот на одржување на локалните избори. Јас лично до крај ќе се залагам и борам за зедничките цели на здружената опозиција и останувам дел од “Сојузот за иднината“ пишува Милетиќ во одлуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.