– Ова ќе биде можност заедно со граѓаните за посилно застапување на зелената опција и реализација на програмските приоритети на ДОМ- рече претседателката Лилјана Поповска.
Носителот на листата на ДОМ за Град Скопје, професорот Денко Скаловски рече дека Скопје мора да биде град по мерка на сите негови граѓани, а не само по мерка на краткорочни добивки и брзо збогатување на поединци и мали групи врз грбот на идните генерации.
-Затоа на претсојните локални избори, очекуваме поддршка од граѓаните на Скопје, но не заради зголемувањето на политичката моќ, туку заради можноста – од позиција на одговорно владеење – да имаме поголемо влијание врз носењето одлуки кои ќе ја одредат иднината на нашиот убав, древен и сакан град Скопје – изјави Скаловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.