Бидејќи годинава Србија нема да испрати свој претставник на „Евровизија“, најголемото внимание околу овој фестивал го добива Тијана Дапчевиќ, која повеќе од една деценија живее во Белград.
37-годишната македонска пејачка во видеоспотот за песната „To the sky“, со која ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“, се појави во провокативно издание, а во една од сцените е и полугола во када. На прашањето колку време ѝ било потребно за да се ослободи од срамот и да удри на сексапил, Тијана вели дека отсекогаш сметала дека за пејачка кариера е најважен гласот, а сѐ останато е само фора со краток рок на траење.
– Никогаш не сум била срамежлива. Од кога знам за себе сакам да сум во центарот на вниманието. Што повеќе ме фотографираш, толку повеќе те сакам. Ја обожавам камерата, како и таа мене. Јас со камерата буквално водам љубов – вели Тијана.
Таа вели дека постојано добива разни понуди за рекламирање на сѐ и сешто, дури и на производи за потенција. Но, добива и посмели понуди.
– Имав понуди да се фотографирам гола за најпрестижните магазини во регионот. Признавам дека сериозно размислував на таа тема затоа што имаше понуди кои не се одбиваат и бев на работ на тоа да се соблечам за убави пари, но заклучив дека тоа не ми треба. Секое чудо за три дена – откри Тијана за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


