| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот во февруари зголемен за 22,3 проценти

 извоз
Извозот на стока во февруари, според податоците на Државниот завод за статистика, е зголемен за 22,3 проценти.Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стока од  Република Македонија во периодот јануари – февруари 2014 година изнесува 697 милиони долари, а на  увозот 1, 07 милијарда долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 65,1 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2014 година, изнесува 374 милиони долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, облеката и производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платина и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – февруари 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (80,8 отсто) и земјите од Западен Балкан (12,2 отсто), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (64,9 отсто) и земјите од Западен Балкан (10, 0 отсто). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (53,6 отсто од вкупната надворешнотрговска размена се врши со овие пет земји).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top