Есенската посеви во битолскиот дел на Пелагонија се во одлична состојба, а пролетната сеидба е во полн ек, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според раководителот Илија Србиновски, временски услови се одлични за пролетно сеење, но и за чистење на есенските посеви од коров.
– Имаме идеални услови за пролетната сеидба која е во тек. Заврши сеидбата на луцерката која е застапена на 600 хектари, деновиве се сее сончогледово семе за што се планирани околу 3.000 хектари, а за десетина дена ќе почне и сеидбата на градинарски култури. Пелагониските земјоделци оваа пролет ќе засеат различни земјоделски култури на површина од околу 15.000 хектари, а паралелно ги надгледуваат есенските посеви кои во овој период се чистат и штитат од коров – посочи Србиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.