Ѕвездата на акциски филмови, Стивен Сигал, летово заедно со неговиот бенд „Thunderbox” ќе тргне на турнеја низ Европа, а една од дестинациите ќе биде и „Сава центар“ во Белград. Иако преговорите за конечниот датум на концертот сѐ уште се во тек, можно е актерот да настапи таму уште во јуни, а тоа ќе биде негова прва посета на Србија.
Иако Сигал е познат како актер, тој има два музички албума со многу пофалби од критичарите. Всушност, првото цеде од 2005 година, „Songs of the Cristal Cave“, на кое што работел со легендарниот Стиви Вондер, беше најдобро продаваниот блуз-албум во Европа. Вториот, „Mojo priest“ од 2006 година, беше прогласен за еден од најдобрите албуми во светот таа година.
Тој ќе настапи во Белград со микс од неговите песни и светски познати блуз-хитови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.