| четврток, 6 декември 2018 |

„Фич“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Турција

tursko-zname-640x320

Меѓународната кредитна агенција „Фич“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Турција од 3,2 на 2,5 отсто за 2014 година и од 3,8 на 3,2 проценти во
2015 година, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.
Агенцијата  ја аргументира одлуката со забавувањето на растот на домашното кредитирање и знацитe за слабеење на корисничката и инвеститорска доверба.
Во денеска објавеното соопштение „Фич“ го потврдува кредитниот рејтинг на Турција на ниво „БББ-“ со стабилна перспектива.
„Фич“ нагласува дека турската економија останува доста променлива и дека конзистентноста и предвидливоста на макроекономската политика се очекува да бидат послаби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top