| четврток, 6 декември 2018 |

Славе Ѓорго Димоски преведе поезија од Тања Бакиќ

Во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје излезе од печат збирката поезија „Семе и други песни“ на црногорската поетеса Тања Бакиќ, а во препев на Славе Ѓорѓо Димоски. Во збирката се поместени 2 поеми и педесетина песни.

Тања Бакиќ е претставник на најмладата црногорска поетска сцена која носи нов сензибилитет. Станува збор за поезија со прочистен, лапидарен израз во која низ објективни корелативи се прикажуваат емотивните состојби на нејзиниот лирска јунакиња. Исчезнуваат границите меѓу внатрешното и надворешното, природата се огледува на внатрешноста, насостојбата и противењето, копнежот и немирот. Тања Бакиќ е и образована поетеса, одрасната е врз поезијата на англискиот романтизам, а тоа е видливо заради нејзините версификациски вештини, а поезијата ѝ е лишена од патетичен и празен чекор. Чисто, јасно и едноставно.

Tања Бакиќ е родена на 14.09.1981 година. Дипломирала англистика на Филозофскиот факултет во Никшиќ, на којшто ја одбранила темата „Влијанието на поезијата на Вилијам Блејк на рок музиката на Џим Морисон“. На истиот факултет го одбранила и трудот „Во потрага по оностраното во поезијата на Вилијам Блејк“ и се стекнала со степен магистер на книжевни науки. Пишува поезија, есеи, студии за музика и преведува од англиски јазик. Како автор, преведувач и приредувач има потпишано седумнаесет книги од кои пет се поезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top