По шестте распродадени концерти во Македонската опера и балет во Скопје, Каролина со проектот „Македонско девојче” ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид.
Во античкиот театар Хераклеа во родната Битола, Каролина ќе одржи два концерти, на 24 и 26 јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25 јули.
Влезниците за трите концерти, во продажба ќе бидат пуштени од понеделник 7ми април, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и online на www.kupikartizase.com по следните цени и категории:
- Битола – трибина 300 денари;
- Охрид – трибина 400, партер 300 денари
Од „Авалон“ продукција најавуваат дека ова лето ќе има уште неколку концерти за промоција на проектот „Македонско девојче“, за кои наскоро ќе има детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.