Нобеловецот Габриел Гарсија Маркез, писателот кој го напиша романот „Сто години самотија“, е хоспитализиран во Мексико Сити, потврди официјално лице на мексиканското Министерство за здравство.
– Семејството нѐ замоли да не објавуваваме информации за неговото здравје – изјавил анонимен извор за агенцијата АФП.
Колумбискиот писател, кој последните 30 години живее во Мексико Сити, е префрлен во Националниот институт за медицинска наука и исхрана на југот на Мексико Сити, без да се наведат причините поради кои тој е задржан во болница.
Маркез е најмногу преведуваниот и најчитаниот писател на шпански јазик.
Мексиканските медиуми јавија дека тој е во болница поради пневмонија.
Тој последен пат се појави во јавноста на 6 март кога излезе од својот дом за да ги поздрави новинарите што го посетија по повод неговиот 87. роденден.
„Сто години самотија“ се смета за ремек-рело на светската литература, а во 1982 година доби и Нобелова награда за книжевност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.