
Две беспилотни летала за кои се верува дека се на Северна Кореја се урнале во Јужна Кореја во последните две недели, тврди јужнокорејското министерство за одбрана.
Откривањето на леталата поттикна расправа во оваа земја за воздушната одбрана и за реалните можности на севернокорејските летала.

Едното беспилотно летало е откриено во понеделникот на островот Баенгнејон во Жолто Море, стратегиско место за јужнокорејските сили. Леталото се урнало истиот ден кога Јужна и Северна Кореја разменија оган на западниот брег.
Неименуван извор од јужнокорејската влада за „Си-Ен-Ен“ рекол дека леталото патувало кон југ.

Претходно, на 24 март, откриено е уште едно летало, овој пат во местото Пају, град што е лоциран на неколку километри од демилитаризираната зона.
Според јужнокорејските медиуми, леталото содржело фотографии од Сината куќа, канцелариите и службената резиденција на претседателот на Јужна Кореја Парк Гин Хва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Венецуела: Обид за атентат на Мадуро (ВИДЕО)
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Косовец со дрон ги снимал зградите „Џевахир“, интервенирала и полицијата


