Џиновски крокодил потежок од еден тон, кој, наводно, изел човек и повредил неколку други, е фатен во Уганда по четиридневна потрага околу езерото Викторија.
Жителите на селото Какира побарале помош од Агенцијата за диви животни откако крокодилот изел нивни соселанец. Поради честите напади локалното население веќе извесно време се плаши да се приближи до езерото. Стручњаци од Агенцијата успеале да го уловат крокодилот со куки на кои ставиле месо како мамка. Се верува дека крокодилот има повеќе од 80 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


