Во Центар Жупа денеска е промовирана книгата „Жупа некогаш и сега“ од авторот професор Селим Мерсимовски.
Книгата е резулат на долгододишното истражување на професорот Селим Мерсимовски од селото Броштица кое што го опфаќа регионот на Жупа и десетината населени места кои што ја сочинуваат општината Жупа.
Во книгата во детали се опфатени историските, социјалните процеси во овој крај како и процесот на миграција кој што предизивка преполовување на бројот на населението во еден од најсиромашните региони во земјата.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот на општина Центар Жупа, Ариан Ибраим, бизнисменот и донатор Миро Костовски и други личности од јавниот живот.

Професорот Селим Мерсимовски од Броштица, во подрачното училиште во ова село предава историја и географија.
Тој е автор на актуелниот учебник по географија за петто одделение и често испраќа интересни писма и репортажи од овој крај во македонските дневни весници, а пишува и колумни.
Мерсимовски е вонреден професор и на Педагошкиот факултет во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


