Украинскиот олигарх Дмити Фирташ кој во Виена беше уапсен на 12 март, во САД го теретат за вмешаност во обид за подмитување во врска со 500 милиони долари вредниот рударски проект во Индија.
Михаил Корчемкин, поранешен аналитичар на советското министерство за гас, кој денеска живее и работи во Пенсилванија верува дека во позадина на обвинението е уверувањето дека бизнисменот можеби поседува информации за работата на рускиот „Гаспром“.
И покрај тврдењата на Американците дека обвинението нема никаква врска со украинската криза, информациите што Фирташ би можел да ги открие би можеле да им помогнат на американските власти да осмислат поостри санкции против кругот околу Владимир Путин, тврди овој аналитичар.
Фирташа и останатите од групата која е обвинета во Чикаго, а кои се државјани на САД, освена за обид за подмитување во случајот со Индија, се теретат и поединечно и за рекетирање и перење пари, а им се заканува казна од 20 години затвор.
Американците во обвинението наведуваат дека империјата на Фирташ ја сочинуваат 18 фирми регистрирани на Британските Девствени острови и уште 127 компании во Австрија, на Кипар, Швајцарија, Сејшели….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија


