| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен е бројот на вработени во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Жабени

кромберт

Се зголемува бројот на вработени во битолската фабрика „Кромберг и Шуберт“, лоцирана во индустриската зона Жабени, соопшти градоначалникот Владимир Талески на Отворениот ден во локалната самоуправа.

Според Талески, битолчани на Отворениот ден во Општината, освен за нови вработувања, интерес покажале за урбанистичките планови, комуналната инфраструктура и линискиот превоз во градот.

– На отворените средби со граѓаните, дел од проблемите ги решаваме веднаш, а барањата кои не се од наша надлежност ги пренасочуваме до соодветните институции. Овие средби ни помагаат да ја перципираме целокупната проблематика на нашите сограѓани, а невработеноста и понатаму е најчеста тема – рече Талески.

За овој проблем, како што рече, во голема мера успеавме да помогнеме.

– Во битолската „Кромберг и Шуберт“, зголемен е бројот на вработени и сега има преку 1.200 лица од исто толку семејства од нашиот град кои работаат и имаат редовни приходи – истакна Талески.

На отворениот ден со граѓаните, градоначалникот Талески беше придружуван од раководителите на сите општински сектори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top