Албански државјанин кој бил во притовор во затворот во Тетово, бил претепан. Во тетовскиот затвор утрово настанала тепачка и тој се здобил со тешки повреди на главата. Повредениот е пренесен во тетовската болница.
Тепачката се случила во одделението за притвор. Според тетовската полиција, каде бил пријавен случајот, во тепачката учествувале три лица. Двајца македонски државјани со метална шипка го повредиле Албанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.