| четврток, 6 декември 2018 |

Заблуди околу здравата храна

Кога станува збор за исхраната, и тоа за здравата, секој има свои теории. Нутриционистите, лекарите, жените кои се на диета, секој на свој начин ги толкува правилата околу здрвата исхрана. Со оглед на тоа дека секој организам е посебен, ова и има смисла, па затоа постојат и заблуди и митови за здравата храна во кои веруваме стоотстоно, а не се точни. Еве 10 заблуди околу здравата храна:

1. Јајцата не се здрави

Сите знаеме дека јајцата се полни со холестерол, ама тоа не значи дека автоматски се на листата на работи кои не смееме да ги јадеме за да не се разболиме. Докажано е дека јајцата содрѓат добар холестерол, а не оној кој го зголемува холестеролот во крвта и не се поврзани со болестите на срцето. Јајцата содржат и хранливи материи како оксиданси кои ги штитат очите.

2. Заситените масти се лоши

Пред неколку децении се создаде мислење во јавноста дека конзумирањето масти, посебно заситените масти создаде епидемија на на срцеви заболувања. Едно истражување во 2010 година покажа дека едно со друго нема никаква причинско-последична врска. Тоа значи дека нема потреба да избегнувате месо, сирење, путер. Се разбира, се тоа треба да се конзумира во умерени количини.

3. Сите треба да јадат житерки

Никој не знае од каде почна таа фама околу житарките, но нивната свеприсутност во сите режими на исхрана е навистина фасцинантна. Иако се богати со влакна, немаат ни приближно хранлива вредност како на пример зеленчукот. Главна состојка им е пченката за која е докажано дека може да предизвика помали или поголеми здравствени проблеми. Модерната пченка може да содржи и глутен на кој дел од популацијата е чувствителна.

4. Конзумирање на големи количини протеини е лошо за коските и бубрезите

Некои сметаат дека децата додека растат ако користат многу протеини во исхраната ќе заболат од остеопороза и од некои болести на бубрезите. Протеините придонесуваат за здрав развој на коските. Проблемите со бубрезите предизвикуваат дијабетес и висок крвен притисок, а протеините помагаат при спречувањето на едното и другото.

5. Храна со ниска калорична вредност е добра за нас

Кога од храната ќе се извлече маста, таа има вкус на стиропор. Производителите на храна со ниска калорична вредност (лоу фет) за да го  надополнат вкусот, додаваат разни состојки кои треба да ја земенат истиснатата маст. Тоа, секако, не е добро. Најчесто тоа се засладувачи, кои иако имаат помалку калории од обичниот шеќер, повеќе се штетни за организмот.

6. Важно е да се јадат помалку мали оброци дневно

Е, ова е еден од митовите за кои научниците немаат објаснување. Многу истражување покажале дека нема разлика во тоа дали ќе ја поделите храната на 3 или 6 оброци, односно констатно внесување храна во желудникот не е природно.

7. Јаглехидратите треба да бидат најголем извор на калории

И тоа е еден од митовите кои треба да биде срушен.

8. Омега 6 киселините и расителното масло се добри за вас

Полнозашитетите масти се сметаат за здрави, бидејќи го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Омега 6 масните киселини мора да бидат во совршен баланс, бидејќи доколку преовладуваат, ќе дојде до нарушување.

9. Диетите со ниско ниво на јаглехидрати се опасни

Научно е докажано дека диетите со ниско количество на јаглехидрати се најздрави, најлесни и на најдобар начин се губи телесната тежина.

10 Шеќерот не е здрав бидејќи содржи празни калории

Вистина, шеќерот содрѓи калории кои немаат нутритивна вредност. Но, најштетното во шеќерот е фруктозата која го поттикнува создавањето на мастите и појавата на различни метаболички болести. Затоа, изгегнувајте го колку што можете!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top