| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската катна гаража со најмногу гласови на интернет

katna garaza barok

Катната гаража спроти седиштето на „Макпетрол“ во Скопје доби најмногу гласови на интернет-гласањето за наградата „Архитизер А+“ во категоријата на паркинг-простор.

Проектот на македонските архитекти Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, со иновативна фасада, која е дело на Милан Мијалковиќ, во соработка со виенското биро „ППАГ Архитекти“, беше еден од петте номинирани објекти во оваа категорија.

Главната награда од жири-комисијата ја доби гаражата во округот Вулаи во тајванскиот главен град Тајпеј, дело на студиото „Q-Lab“.  Доделувањето на наградите „Архитизер А+“ беше организирано под покровителство на популарната архитектонска интернет-платформа „Архитизер“ и списанието „Волстрит журнал“.

Ова е второ позначајно признание за иновативниот екстериер на новата скопска катна гаража која беше пуштена во употреба во септември минатата година. Претходно, објектот ја доби и Големата награда за архитектура за 2013 година на домашната манифестација АСК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top