Вчеравечер, околу 20 часот, во ПС Бит пазар, доктор од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ телефонски пријавил дека бил донесен А.Н.(35) од с. Глумово, Скопско со исеченица во пределот на вратот.
Еден час подоцна, во истата болница бил донесен Г.Т.(25) од Скопје со убодна рана во пределот на десната плешка, која му ја нанело непознато лице на булевар „Јане Сандански“.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


