Вкупно 102 илјади деанри ограбиле две маскирани лица од обложувалницата „Спорт лајф“ во Гостивар синоќа откако насилно влегле и под закана со пиштол и спреј за онеспособување ги одзеле парите во касата.
Според Секторот за внатрешни работи – Тетово, разбојниците влегле во обложувалницата на улица „ЈНА“, кога покрај еден вработен имало и двајца играчи. За да се зашатат од разбојниците, вработениот и еден од играчите се скриле во тоалетот, а другиот успеал да излезе.
Според созанинјата на полицијата разбојниците побегнале со автомобил од местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


