| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо се обиде со лажна деветка, потоа се пишмани и загуби

Првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Челси заврши со победа на парижаните од 3-1.
Со тој резултат избраниците на Лоран Блан може да се надеваат на пласман во полуфиналето, но, сепак, треба да се одигра реваншниот дуел на теренот на Челси во Лондон.

Жозе Мурињо се обиде да го копира рецептот на Барселона и да одигра без класичен шпиц, со таканаречената лажна деветка. Шурле солидно ја одигра улогата, но експериментот не успеа. Специјалниот не издржа до крај, го замени Герамнецот со Фернандо Торес и Челси загуби.

– Морав да променам нешто. Не сум задоволен од играта на напаѓачите. Со Шурле барем имавем играч што знае да ја задржи топката – изјави Мурињо.

Индиректно призна дека згрешил, а Торес, вериојатно, ќе биде првиот на листата за заминување од Челси.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top