| четврток, 6 декември 2018 |

По 4 децении, Лејкерс нанижа 50 порази

По точно 38 години, Лос Анџелес лејкерс повторно има 50 порази во иста сезона. Годинава „езерџиите“ уриваат негативни рекорди.

Ноќеска загубија од Сакраменто кингс и го претрпеа педесеттиот пораз во регуларниот дел од сезоната, што за последен пат им се случи во 1975/76 година.

Билансот на Лејкерс моментно е 25 победи и 50 порази, а до педесетката или над во иста сезона стигнале само 8 пати откако во 1960 година од Минеаполис се преселија на западниот брег на САД во Лос Анџелес.

До крајот на регуларниот дел, вториот најтрофеен клуб во НБА со 16 титули треба да одигра уште 7 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top