| четврток, 6 декември 2018 |

Харис Чато го удрил автомобил

Тринаесетгодишниот финалист во „Икс-фактор“ и дел од групата на Емина Јаховиќ, Харис Чато, доживеал сообраќајна несреќа во родното Сараево.

Во моменти на невнимание, Харис поминувал улица, а на него налетал автомобил.

–  Тоа ми се случи во мојата улица во Сараево. За среќа, улицата не е прометна, а и човекот возеше 20 километри на час. Не видов дека ми се приближува автомобил бидејќи слушав музика на телефон со слушалки во ушите. Паднав, ја повредив раката и имам модринка на ногата – раскажал Чато.

Тој веднаш ззаминал во болница и по советите на докторот останал три дена да лежи и да се одмора со облоги на повредените места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top